Балкан

МИА одбележува 22 години од започнувањето на објавување вести

„АБНА е многу битно вмрежување. Агенција Анадолија е лидер во тој пакет, најстара агенција со големо искуство", истакна директорот на МИА, Драган Антоновски

Admir Fazlagic  | 30.09.2020 - Обновена : 30.09.2020
МИА одбележува 22 години од започнувањето на објавување вести

СКОПЈЕ 

Државната Медумска информативна агенција (МИА) денес одбележува 22 години од почнувањето на објавување вести, јавува Агенција Анадолија (АА).

По тој повод генералниот директор и главен и одговорен уредник на МИА, Драган Антоновски, во изјава за АА истакна дека МИА израснала во сериозна агенција којашто влијае на медиумскиот простор и има одлична меѓународна соработка со сите агенции во регионот.

„Нашиот придонес е огромен и во борбата со лажните вести, за медиумската писменост, како и за младите новинари“, рече Антоновски. Тој додаде и дека со директното покривање на настаните во живо од страна на МИА, на медиумите им се овозможува следење на настаните и во време на пандемијата на Ковид-19.

„Она што мислиме и натаму е да се градиме во сериозна агенција која ќе вложува во помлади луѓе да ја преземат работата. Генерално, тоа се насоките кои се наши размислувања“, вели Андоновски.

Осврнувајќи се на соработката помеѓу МИА и Агенција Анадолија, како и соработката во рамките на Алијансата на новински агенции на Балканот и Југоисточна Европа (АБНА-СЕ), Андоновски рече:

„АБНА е многу битно вмрежување. Агенција Анадолија е лидер во тој пакет, најстара агенција со големо искуство. Клучна е размената на информациии бидејќи сите државни агенции умеат да прават разлика што е тоа државен интерес, што е граѓански, а што партиски интерес. Треба да се има искуства и размени за да се избегнат дезинформациите. Соработката е одлична и треба да продолжи.“

МИА е јавен информативен сервис, основан од Собранието на Република Македонија во февруари 1992 година.

МИА започна со емитување на вести на 30 септември 1998 година.

Оваа државна новинска агенција објавува вести на македонски, албански и англиски јазик.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın