Балкан

Меѓународен семинар за подготвување на администрацијата за преговори за влез во ЕУ

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи рече дека семинарот сведочи за интензивирањето на активностите за соочување со прецесот на преговори

Abdula Berisha  | 23.05.2019 - Обновена : 24.05.2019
Меѓународен семинар за подготвување на администрацијата за преговори за влез во ЕУ (Foto: Abdula Berisha/ AA)

СКОПЈЕ (АА) – Секретаријатот за европски прашања (СЕП) организираше меѓународен семинар кој има за цел да се подготви администрацијата за процесот на преговори за членство на Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ), јавува Anadolu Agency (AA).

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, рече дека семинарот на тема „СЕП, Центарот за обуки и димензијата на човечките ресурси“ сведочи за интензивирањето на активностите за соочување со прецесот на преговори.

Османи, исто така рече дека со овој семинар СЕП се подготвува за координација на другите соодветни институции.

„Секретаријатот за европски прашања претставува срцето, моторот или главниот меканизам на администрацијата во оваа голема операција во која влегува нашата земја и со неговите инструменти, особено со центарот за обука, ќе се фокусира на создавање човечки ресурси, што е и најголем предизвик“, рече тој.

Османи изрази благодарност до француската амбасада во Скопје, која ја поддржа организацијата на овој меѓународен семинар.

Францускиот амбасадор во Скопје, Кристијан Тимоние, рече дека со оваа активност се поминува од апстрактни на конкретни нешта, истакнувајќи дека високо го цени трудот кој го вложуваат институциите на Северна Македонија во евроинтеграциските процеси.

„Ние го чувствуваме вашиот напор и навистина сме со вас, затоа што знаеме каде е целта кон која се стремите, но исто така знаеме дека голема работа и голем број напори беа спроведени последниве две години“, рече Тимоние.

Францускиот амбасадор повика на општествено единство, без оглед на етничката или политичката припадност, за напредок на државата во европските интеграции.

Овој меѓународен семинар се организираше во пресрет на објавувањето на Извештајот на Европската комисија, од којшто Северна Македонија очекува во јуни да ги започне преговорите за членство со ЕУ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.