Güç Gönel
19 Јануари 2018•Ажурирај: 20 Јануари 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Македонија и Бугарија се меѓу земјите кои државјаните на Турција најчесто ги избираат за туристички дестинации во текот на нивниот зимски одмор, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Сојузот на туристичките агенции на Турција (ТУРСАБ), Башаран Улусој, истакна дека граѓаните кои сакаат нивниот зимски одмор да го поминат во странство, ги преферираат ски центарот Маврово во Македонија и ски центарот Банско во Бугарија.
Улусој нагласи дека овие места се избираат поради ниските цени, каде пакет аранжмаинте за овие зимски туристички дестинации изнесува околу 160 евра.
Тој вели дека цените почнуваат од 160 евра, а според квалитетот и услугата оваа цена се покачува.
Како што рече тој, балканските турнеи се меѓу најчесто избраните во странство поради тоа што не е потребна виза. Тој додаде дека турските државјани за туристички дестинации во зимскиот период ги избираат и земјите како Италија, Франција, и Шпанија.
Улусој информираше дека минатата година на зимски одмор патувале околу 350 илјади жители на Турција, додека годинава очекуваат оваа бројка да се покачи до 450 илјади лица.