Балкан

Лукашенко во Белград: „Србија секогаш може да смета на поддршката на Белорусија“

„Активно соработуваме во меѓународните организации и не се менува нашиот став по прашањето за територијалниот суверенитет на вашата земја“, изјави Лукашенко во Белград на заедничката прес-конференција со претседателот на Србија, Александар Вучиќ

Bojana Stojanovic  | 03.12.2019 - Обновена : 04.12.2019
Лукашенко во Белград: „Србија секогаш може да смета на поддршката на Белорусија“ (Foto: Miloš Miškov/ Anadolu Agency)

БЕЛГРАД (АА) - Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска во Белград изјави дека неговата земја секогаш активно соработува со Србија во меѓународните организации, и дека не го менува ставот во врска со прашањето за територијалниот суверенитет на Србија, јавува Агенција Анадолија (АА).

На заедничката прес-конференција со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Лукашенко изјави дека Минск и понатаму е подготвен да ја поддржува Србија на сите полиња.

„Активно соработуваме во меѓународните организации и не се менува нашиот став по прашањето за територијалниот суверенитет на вашата земја“, изјави Лукашенко.

Според неговите зборови, доколку Белорусија во која било област може да стори нешто за Србија, тоа и ќе го направи.

„Од друга страна, ние сметаме на поддршката на Србија во прашањата важни за нас“, изјави тој.

Лукашенко додаде и дека Белорусија го поддржува Договорот на Србија со Европската Унија, но и дека се однесува со почитување кон желбата Србија да биде дел од Европската Унија, истакнувајќи дека Србија не треба премногу да се надева дека ќе стане членка на ЕУ.

Белорускиот претседател објасни дека Србија, која е полна со „паметни и снаодливи луѓе“, ќе може да се справи со ултиматумите доколку треба да избере меѓу Европската Унија и Евроазиската Унија.

„Доколку ги добиете ултиматумите, одлуката е на вас, но сигурен сум дека ова би се решило само на еден начин, вие сте паметни и снаодливи луѓе, ако е подобро за вас да соработувате со Европската Унија, тоа ќе го сторите, но и ако е подобро со Евроазиската Унија, тогаш ќе отидете на таа страна“, додаде тој.

Тој исто така објасни дека и судбина на Белорусија е да „лета со помош на две крилја“.

„Тоа е нормална одлука и мора да имате добри односи со соседите, какви и да се вашите соседи“, додаде тој.

Говорејќи за армијата, Лукашенко рече дека на Србија ѝ е потребна мобилна и силна армија која би можела да дејствува.

Тој го истакна значајниот придонес на Вучиќ за развојот на дијалогот со Белорусија, бидејќи ако немало никаков напор, не би го имале денешниот однос на двете земји, и додаде дека во темелот на пријателството на двете земји и заедничката иднина се наоѓаат историски, духовни и културни врски.

Лукашенко исто така рече дека Србија се крева од колена, и исто така им порача на српските граѓани да не брзаат и да ги слушаат другите, но пред сѐ, својата памет, така што Србија ќе стане земја која цвета.

„Во Белорусија секогаш можете да сметате на нашата поддршка на сите полиња и во сите правци“, додаде тој.

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека е голема чест да го угостат Лукашенко, единствениот светски лидер кој дојде да ја поддржи Србија во 1999 година за време на бомбардирањето на НАТО.

„Благодарноста обично кратко трае. Ние сме доказ дека не мора секогаш да биде така и таа благодарност на српскиот народ ќе остане засекогаш, како и почитта што сакавте и затоа што се осмеливте да покажете поддршка за Србија тогаш“, рече тој, оценувајќи дека „српскиот и белорускиот народ се братски народи“.

Како што наведе тој, со Лукашенко имал добри и плодоносни разговори за речиси сите сфери на општествениот живот и за зголемувањето на соработката на двете земји во сите сфери.

„Многу можев да научам во врска со прашањето и начинот на формирање на модерната восјка, Србија многу може да научи од Белорусија“, изјави тој.

Вучиќ во таа смисла најави и додатни реформи на Војската на Србија, за таа да биде уште помобилна и побрза, но истакна дека тоа не значи дека ќе се купува ново оружје.

Тој се заблагодари на Лукашенко за љубовта, пожртвуваноста која ја покажува во односот кон Србија.

„Никогаш не се случило отако е тука Лукашенко, Белорусија да гласа против Србија и затоа барам почитување на српскиот народ кон нашите белоруски пријатели“, наведе тој.

Вучиќ изјави дека и Србија и Белорусија припаѓаат на земји кои се гордеат со својата независност.

„Во таа смисла и Белорусија секогаш може да смета на поддршката на Србија како шти ние секогаш знаевме дека за Косово и за другите прашања можеме да ја очекуваме поддршката на Белорусија“, заклучи тој.

Претходно се потпишани Договор за испорачување меѓу Србија и Белорусија, Договор за научна и технолшка соработка на двете земји, Протокол од Мешовитата комисија на двете земји за научно-технолошка соработка, Програма за соработка меѓу двете влади во областа на образованието, Меморандум за разбирање за иновацијата, како и Договор за соработка на академиите и уметноста на двете земји.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.