Zylfije Adem Jakupi
15 Ноември 2020•Ажурирај: 17 Ноември 2020
ПРИШТИНА
Во последните 24 часа во Косово животот го загубија 13 пациенти од последиците на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од националниот Институт за јавно здравје на Косово информираат дека во последното деноноќие е спроведено тестирање на 1.361 сомнителен примерок на коронавирус, од кои 501 биле позитивни.
Во Косово досега е спроведено тестирање на 118.946 лица, од кои 29.117 се позитивни, а 822 починаа од последиците предизвикани од заразеност со коронавирусот.
Во последните 24 часа оздравеа 250 пациенти, вкупно 17.305 од почетокот на пандемијата. Во моментов активни се 10.990 случаи на зараза со Ковид-19.