Furkan Abdula
02 Август 2020•Ажурирај: 03 Август 2020
ПРИШТИНА
Во Косово починаа уште 13 пациенти како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на смртни случаи во земјата порасна на 249, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Според соопштението, откриени се уште 245 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се искачи на 8.799.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 468 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово се направени вкупно 37.411 тестирања за вирусот.
Од коронавирусот во Косово излекувани се вкупно 4.863 лица. Моментално има 3.687 активни случаи.