Sibel Vezaj
04 Февруари 2017•Ажурирај: 04 Февруари 2017
ПРИШТИНА (АА) – Министерот за животна средина и просторно планирање Фета Шаља и градоначалникот на Северна Митровица, Горан Ракиќ се согласија околу решавањето на проблемот со ѕидот во Северна Митровица, која што според нив, ќе ги намали тензиите во северот на Косово, јавува Anadolu Agency (AA).
Во заедничко соопштение од кабинетот на премиерот, се наведува дека со посредништво на канцеларијата на ЕУ и амбасадата на САД, министерот за животна средина и просторно планирање, Ферат Шаља и градоначалникот на Северна Митровица, Горан Ракиќ, се согласија за да го решат проблемот во врска со ѕидот во Северна Митровица.
„Заедно дојдовме до едно решение кое ќе ги намали тензиите во северот на Косово, ќе придоносе за слободата на движење и ќе создаде една пријатна атмосфера за сите граѓани и на северниот и на јужниот дел на Митровица“, се наведува во соопштението.
Потоа се истакнува дека јавноста ќе биде информирана околу планот за пешачката зона, која што потекнува од договорот во рамките на европскиот дијалог што е поврзан со проектот на ЕУ за ревитализација на мостот на Ибар.
„Свесни сме дека ова создаваше проблеми во минатото, но многу сме задоволни што имавме конструктивен пристап кон решение на на овој проблем“, се вели во соопштението.
Инаку, во декември минатата година се покрена ѕид позади мостот на Ибар во северниот дел на Митровица, кој што властите на Косово го сметаа за илегален затоа што не беше предвиден во рамките на проектотн на ЕУ за ревитализација на главниот мост на реката Ибар.
Градбата на ѕидот предизвика многу реакции каде што на седницата на 29 декември 2016, косовскиот парламент ја одобри резолуцијата за рушење на ѕидот во северна Митровица. Според истата, рушење на ѕидот се очекуваше да се изврши во текот на јануари.