Vesna Besiç
04 Февруари 2017•Ажурирај: 05 Февруари 2017
САРАЕВО (АА) - Најмалку 15 лица се повредени во сообраќајна несреќа која околу 12 часот се случи на железничкиот премин во населбата Брасина кај Мали Зворник, потврдено е за АА во полициската станица Шабац, јавува Anadolu Agency (AA)
„Несреќата се случила околу 12 часот на граничниот премин во населбата Брасина на подрачјето на општина Мали Зворник. Дојде до судир на воз и автобус. Автобусот се движел на релација Белград Љубовија, а возот Звроник-Подогорица” , истакнаа од полициската станица.
Нагласија дека се повредени околу 15 лица кои се наоѓале во автобусот. Не можеа да потврдат дали меѓиу повредените има некои со тешки повреди.
Повредените лица се сместени во Општата болница Лозница и во Мали Зворник.