Zylfije Adem Jakupi
04 Ноември 2020•Ажурирај: 04 Ноември 2020
ПРИШТИНА
Во рамки на спроведувањето на операциите на Специјализираното обвинителство, полицијата на ЕУЛЕКС и Полицијата на Косово, вршат претрес во куќата на Јакуп Красниќи, еден од припадниците на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК), јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Специјализираните совети на Косово во Хаг е соопштено, без наведување имиња, дека се во тек операции на Специјализираното обвинителство кои се одвиваат со поддршка на Полицијата на Косово и Европската мисија за владеење на правото во Косово (ЕУЛЕКС).
Исто така се наведува дека повеќе информации ќе бидат соопштени наскоро.
Јакуп Красниќи во текот на последната војна во Косово беше портпарол на ОВК. По војната како член на Демократската партија на Косово беше претседател на Собранието на Косово. Моментално е претседател на Националниот совет на Социјалдемократската иницијатива Нисма и не извршува ниту една државна функција.