Zylfije Adem Jakupi
03 Септември 2020•Ажурирај: 04 Септември 2020
ПРИШТИНА
На Косово во последните 24 часа починаа 9 пациенти од последици предизвикани поради заразеност со Ковид-19, додека во истиот период се детектирани 78 новозаразени со коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во Лабораторијата за молекуларна микробиологија на Националниот институт за јавно здравје на Косово и во приватните лаборатории во земјата тестирани се вкупно 459 примероци сомнителни на коронавирус, од кои 78 биле позитивни.
Вкупниот број на досега регистрирани лица позитивни на коронавирусот во земјата изнесува 13.791. Во последните 24 часа оздравеа 190 лица, со што вкупниот број на оздравени се искачи на 10.113. Во моментов има 3.130 активни случаи на заразеност со Ковид-19.