Agim Sulaj
31 Август 2021•Ажурирај: 01 Септември 2021
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 26 лица, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 2.503, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 1.383 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 144.986.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија и во приватните лаборатории се направени 11.472 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 980.609 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 115.657 лица. Во моментов во земјата има 26.886 активни случаи.
Во Косово досега се аплицирани 825.745 дози од вакцините против Ковид-19.