Agim Sulaj
08 Септември 2021•Ажурирај: 09 Септември 2021
ПРИШТИНА
Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 24 лица, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 2.709, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 1.029 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 154.607.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија и во приватните лаборатории се направени 13.084 тестирање за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 1.072.342 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 129.675 лица. Во моментов во земјата има 22.223 активни случаи.
Во Косово досега се аплицирани 955.811 дози од вакцините против Ковид-19.