Agim Sulaj
01 Октомври 2021•Ажурирај: 04 Октомври 2021
ПРИШТИНА
Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 2 лица, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 2.955, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 42 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 160.114.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија и во приватните лаборатории се направени 3.472 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 1.203.505 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 154.600 лица. Во моментов во земјата има 2.559 активни случаи.
Во Косово досега се аплицирани 1.343.656 дози од вакцините против Ковид-19.