Zylfije Adem Jakupi
23 Март 2021•Ажурирај: 24 Март 2021
ПРИШТИНА
Новиот премиер на Косово, Албин Курти, денес ја презеде должноста од својот претходник Авдулах Хоти на државна церемонија организирана во Владата на Косово, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пред зградата на Владата, Курти и Хоти ги дочека гардата на Косовските безбедносни сили и црвен тепих. По интонирањето на косовската химна тие влегоа во Кабинетот на премиерот, каде што Хоти на новиот премиер Курти му го предаде извештајот за работата на неговата влада.
На вонредната седница на Собранието на Косово во понеделникот е избрана новата Влада на Косово на чело со премиерот Албин Курти, лидерот на Движењето „Самоопределување“. За новата Влада гласаа 67 пратеници, 30 беа против, а немаше воздржани.
Вонредната седница е свикана на барање на 52 пратеници, откако вршителот на должноста претседател на Косово и нов претседател на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца, го именуваше Албин Курти за мандатар на предлог на Движењето „Самоопределување“, кое има 58 пратеници.
Во новиот владин кабинет има 15 министерства и тројца заменик-премиери, и по прв пат претставници на четирите малцински заедници: српската, бошњачката, турската и египќанската.