Agim Sulaj
10 Мај 2020•Ажурирај: 10 Мај 2020
ПРИШТИНА
Во Косово се откриени уште 8 случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на случаи со овој вирус во земјата се зголеми на 880, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Не се регистрирани нови смртни случаи, односно бројот на починати од Ковид-19 во земјата изнесува 28.
Уште 31 пациент е излекувано од Ковид-19, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се зголеми на 653.
Денес во Лабораторијата за молекуларна микробиологија извршени се 177 тестирања за Ковид-19, додека вкупниот број на извршени тестирања во Косово изнесува 9.734.