Agim Sulaj
03 Април 2020•Ажурирај: 04 Април 2020
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово уште 6 лица се заразени со новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со коронавирусот во земјата се искачи на 132 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Се вели дека во Лабораторијата за молекуларна микробиологија тестирани се 108 сомнителни лица, од кои 6 се позитивни на вирусот Ковид-19.
Во ова соопштение се нагласува дека уште шест пациенти се излекувани, со што вкупната бројка на излекувани лица се искачи на 16.
Од 8 февруари досега тестирани се вкупно 1.605 сомнителни случаи, од кои вкупно 132 биле позитивни, меѓу кои еден починат, и 16 излекувани лица.