Балкан

Институтот „Јунус Емре“ во Скопје организира курсеви по турски јазик

Курсевите нудат големи можности за оние кои сакаат да го научат и подобрат своето познавање на турскиот јазик, да се запознаат со турската култура и уметност, како и за оние кои сакаат да работат во турските институции.

Furkan Abdula  | 21.06.2018 - Обновена : 23.06.2018
Институтот „Јунус Емре“ во Скопје организира курсеви по турски јазик

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, за време на летниот период ќе организира интензивни и стандардни курсеви по турски јазик, за кои може да се аплицира до 29 јуни, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, курсевите нудат големи можности за оние кои сакаат да го научат и подобрат своето познавање на турскиот јазик, да се запознаат со турската култура и уметност, како и за оние кои сакаат да работат во турските институции и организации.

Се вели дека овој институт им го нуди изучувањето на турскиот јазик на сите заинтересирани, но, пред сè, на државните институции на Македонија.

„Продолжуваат нашите курсеви во нашиот објект во центарот во Скопје, во нашата подружница во Штип, како и во селото Љубин. Продолжуваат нашите инфраструктурни активности за одржување курсеви по турски и по османлиски јазик во Охрид, каде што ќе ги започнеме наскоро. Ова лето, исто така, ќе организираме курсеви за некои институции и организации, за Претседателството на Македонија, Министерството за надворешни работи, како и за Македонската информативна агенција (МИА)“, се наведува во соопштението.

Според ова соопштение, курсевите по турски јазик ќе се одржат според Заедничката европска референтна рамка за јазици, а ќе се реализираат според модерни стандарди од страна на експертни обучувачи кои имаат сертификати во оваа насока, на шест нивоа, A1, A2, B1, B2, C1 и C2 на Европското јазично портфолио.

„Нашиот институт нуди изучување на турскиот јазик како еден светски јазик, според меѓународни стандарди и според научни методи. Во овие рамки на курсистите им нуди едукативни средства и материјали“, се нагласува во соопштението на овој институт.

Исто така, се вели дека ќе се организираат и курсеви за курсисти од возрасната група од 10 до 15 години.

Институтот „Јунус Емре“, од самиот почеток на своето основање, со над 50 претставништва во повеќе земји низ светот, има значајна улога во зајакнувањето на пријателските односи со земјите во кои има свои претставништва.

„Нашиот институт има за цел да ја промовира турската култура и да обезбеди постојана интеракција меѓу националните, традиционалните и модерните вредности со еден јазик на културата и уметноста. Нашите центри, покрај активностите во земјите во кои се наоѓаат, реализираат и работат на заштитата на традиционалните уметности и на културното наследство, осигурувањето на уметничкото производство во различни дисциплини и на развојот на културните политики. Како Институт „Јунус Емре“ во Скопје, реализираме активности за развој на односите меѓу Турција и Македонија од аспект на културата, уметноста, науката и културната дипломатија. Во оваа насока организираме над 50 активности“, се истакнува во соопштението на Институтот „Јунус Емре“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın