Балкан

Изложба „15 јули - Победа на демократијата и нејзина рефлексија во Македонија“

Во организација на подмладокот на Турската демократска партија на Турците во Македонија (ТДП), во Скопје се одржа изложба на фотографии „15 јули - Победа на демократијата и нејзина рефлексијата во Македонија“ и програма во спомен на 15 јули

Dzihat Aliju  | 14.07.2018 - Обновена : 15.07.2018
Изложба „15 јули - Победа на демократијата и нејзина рефлексија во Македонија“ ( Bunjamin Kurtishi - АА )

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Во организација на подмладокот на Турската демократска партија на Турците во Македонија (ТДП), во Скопје се одржа изложба на фотографии „15 јули - Победа на демократијата и нејзина рефлексија во Македонија“ и програма во спомен на тој ден, јавува Anadolu Agency (AA).

Изложбата беше отворена во просториите на галеријата Чифте Амам во Старата скопска чаршија, а на неа присуствуваа заменик министерот за труд и социјална политика на Македонија, Ѓонул Бајрактар, Јусуф Хасани, пратеник на ТДП во македонскиот парламент, претставници од амбасадата на Република Турција во Македонија и голем број гости.

Програмата започна по едноминутен молк и интонирањето на националните химни. Гостите имаа можност да ги разгледаат фотографиите изработени од фоторепортерите на Anadolu Agency вечерта за време на обидот за државен удар.

Претседателот на ТДП, Бејџан Илјаз, во изјавата за новинарите рече дека како и вечерта на 15 јули 2016, и денес, на Турција во пресрет ѝ излегле вљубениците во неа, сонародниците и сите останите народи која ја гледаат како своја татковина.

Претседателот на ТДП Илјаз потсети дека програмата е подготвена од страна на подмладокот на ТДП, која ѝ излегла во пресрет на демократијата. „Најважно е овој датум да не се заборави. Уште еднаш го осудуваме обидот за државен удар што предавничката терористичка организација ФЕТО го спроведе во 2016, во обид да ѝ нанесе зло на Турција заедно со странски центри на интерес. Им посакуваме спокој на душите на загинатите херои и заздравување на ранетите. Сакаме да живеат гордо, тие се учесници на второто Чанаккале. Тие се вистинските борци“, зборуваше Илјаз.

Претседателот на помладокот на ТДП Саит Алеиви истакна дека во своите молитви, со благодарност ги споменуваат оние кои херојски загинаа пред две години.

Алеви истакна дека е очигледно дека обидот за државен удар не беше насочен само врз Турција, туку и кон единството на исламските заедници. „Станува збор за заедницата, а ние, турската младина во Македонија сме многу чувствителни на таа тема. Ние, како млади, свесни сме за случувањата и чувствителноста на оваа тема. Овој настан во себе носи карактер на поука и затоа наша должност е тоа да им ја пренесеме на следните генерации“, рече Алеиви.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.