Zlatan Kapiç
23 Декември 2016•Ажурирај: 24 Декември 2016
САРАЕВО (АА) - Сосема е сигурно дека ФETO е терористичка организација, бидејќи предизвика крвав воен удар во кој речиси 300 луѓе ги загубија своите животи, а којзнае кој сѐ би бил убиен доколку тие успееја во својата намера. БиХ треба да ја следи работата на овие луѓе, изјави за босанските медиуми Бакир Изетбеговиќ, член на Претседателството на Босна и Херцеговина, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Што се тие во БиХ, времето ќе покаже“, вели Изетбеговиќ.
„Ние веќе со години сме предупредувани дека тие се тоа што се, дека под агендата на загриженост за сиромашните студенти и добротворна работа се крие намерата на кој било начин да се дојде на власт, да се инфилтрираат луѓе во системот што ќе ја преземат власта, како што се обидоа во Истанбул“, изјави Бакир Изетбеговиќ, член на Претседателството на Босна и Херцеговина.
БиХ треба да ја следи работата на овие луѓе, смета Изетбеговиќ.
„Во исто време, Босна и Херцеговина е земја во која владее правото и кон никого нема да преземаме мерки и нема да се впуштаме во нешто што е нелегално, но секако, мора да внимаваме на предупредувањата што резултираа со тоа што се случи во Турција“, заклучи Изетбеговиќ.