Admir Fazlagic
25 Мај 2017•Ажурирај: 25 Мај 2017
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска и утре ќе престојува во посета на Италија и Ватикан по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Денеска е предвидено претседателот Иванов да ја посети базиликата „Свети Климент“, каде ќе биде положен венец на гробот на Св. Кирил. Претседателот Иванов ќе ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“, а во текот на денот ќе ја посети и базиликата „Сан Паоло“, каде ќе положи цвеќе на гробот на Св. Павле. Во вечерните часови претседателот Иванов ќе присуствува на концерт на етно групата Баклава“, соопштија од кабинетот на претседателот.
Во соопштението се наведува и дека претседателот Иванов ќе има аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папатата Франциск, а ќе оствари средба и со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин.