Dzihat Aliju
24 Април 2017•Ажурирај: 25 Април 2017
СКОПЈЕ (АА) - Заменик-министерот за надворешни работи на Република Турција, Ахмет Јилдиз, кој се наоѓа во посета на Република Македонија со цел да оствари поголем број средби, ја посети и канцеларијата на Anadolu Agency (AA) во Скопје.
Заменик-министерот Јилдиз поразговара со вработените во турската новинска агенција АА, а за работата на институцијата во Македонија, Албанија и во Косово беше информиран од страна на главниот и одговорен уредник на Сервисот на македонски и Сервисот на албански јазик на АА, Аднан Идриз.
Заменик-министерот Јилдиз при посетата на канцелариите на АА го придружуваа државниот министер Бејџан Илјас и амбасадорката на Република Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара.