Fatjon Cuka
15 Декември 2017•Ажурирај: 15 Декември 2017
ПОГРАДЕЦ (АА) - Владата на Република Албанија и Владата на Република Македонија денес ја одржуваат првата заедничка седница во Поградец, јавува Anadolu Agency (АА).
Делегацијата на македонската влада, предводена од премиерот Зоран Заев, беше примена со официјална церемонија, а потоа започна заедничката седница меѓу владите на Албанија и Македонија.
Албанскиот премиер Еди Рама и неговиот колега Заев ќе одржат заедничка прес-конференција по завршувањето на седницата.
Според соопштението на Владата на Албанија, фокусот на разговорите меѓу двете влади ќе биде на подобрувањето на билатералните односи преку соработка во областа на инфраструктурата, интензивирањето на размената на стоки и услуги и зајакнувањето на соработката во областа на безбедноста.
Исто така, беше најавено дека меѓу двете земји ќе бидат потпишани неколку меморандуми за соработка.