Admir Fazlagic
03 Април 2018•Ажурирај: 04 Април 2018
СКОПЈЕ (АА) - Премиерот на Република Словенија Миро Церар кој престојува во официјална посета на Република Македонија беше пречекан од премиерот на Република Македонија Зоран Заев со кој одржаа заедничка средба и конференција за медиумите на која двајцата премиери порачаа дека Словенија ја поддржува Македонија во евроатланските аспирации, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот на Република Македонија, Заев, рече дека на денешната средба во Скопје со премиерот на Словенија го потврдиле традиционалното пријателство меѓу двете земји.
Заев рече дека Македонија и Словенија делат иста визија за стабилноста, економскиот развој и европските вредности, како и дека ќе работат заедно на евроатланската иднина на целиот Западен Балкан. Премиерот на Македонија рече дека и досега Македонија и Словенија се поддржувале на политички план и соработуваа во повеќе области.
„Република Словенија е добар пример како се напредува на економски и евроатлански план, а денеска добивме уште една потврда дека во Словенија имаме силен сојузник за нашите аспирации за членство во Европската унија (ЕУ) и во НАТО", рече Заев, додавајќи дека на Македонија ѝ е потребна поддршка во пресрет на новонајавениот засилен дијалог со ЕУ во рамките на спроведување на Стратегијата за проширување на ЕУ.
„Ние како влада веруваме дека ќе добиеме чиста препорака од Европската комисија во втората половина од овој месец, со што на мајскиот самит ЕУ-Западен Балкан во Софија и јунскиот совет на ЕУ се отвораат услови за Македонија да добие датум за почеток на разговорите за пристапување кон ЕУ", рече Заев и додаде дека тоа ќе биде нова светла страница за Македонија и нејзините граѓани.
Запрашан од новинарите за можната посета во Македонија на високите претставници на ЕУ во текот на овој месец, премиерот Заев одговори дека е најавена посета на еврокомесарот Јоханес Хан и високата претставничка за безбедност Федерика Могерини, наведувајќи дека тоа би можело да се случи на 18 април кога во Македонија се одржува Дигиталниот самит на земјите од Западен Балкан.
- Церар: „Словенија во Македонија гледа значаен партнер и сојузник"
Словенечкиот премиер Миро Церар, истакна дека Словенија и Македонија се пријателски држави во сите погледи и имаат соработка на политичко, стопанско и техничко ниво, каде, како што посочи, двете земји одлично соработуваат. Церар потенцираше дека Словенија во Македонија гледа значаен партнер и сојузик, што според него е темел за добра соработка во стопанството, како во останатите подрачја.
„Словенија ја поддржува Македонија во нејзините настојувања за членство во ЕУ и НАТО. Ме радува што денеска со мене имаме и голема стопанска ,економска делегација. Денеска ќе продолжиме и можеме да бидеме задоволни, бидјеќи констатираме дека размената на стоки во однос на 2017 се зголеми за 10,4 отсто, што значи дека се поддобрува, но сеуште има многу простор за проширување на стопанска соработка", истакна Церар.
Премиерот на Словенија додаде дека оваа држава останува еден од најголемите инвеститори во Македонија, притоа порачувајќи дека би сакал увозот од Словенија во Македонија да се зголемува, како и словенечкиот пазар да добива македонски производи, усуги и соработка.
Церар порча дека политичката стабилност е основа за успешна соработка на стопански развој, а потоа и на другите подрачја.
„Ми се допаѓа што Македонија созрева и гледа во иднина и затоа сакаме развој на двете држави сакаме да имаме отворени држави со кваитететни инвеститори. Истовремено сакаме да обезбедиме сигурност и безбедност, бидејќи безбедноста е една од клучните поставки во Европа и поширокиот свет, а и на тоа подрачје одлично сорабоуваме", истакна Церар.
Тој рече дека Словенија развојно ќе ја поддржува Македонија посебно за заштита на околина со акцент на заштита на водени извори, стопанизување со отпадни води како и во подрачјето на енергетска ефикасност. Посочи дека Словенија гледа можност за соработка со Македонија во областа на исхраната, земјодлеството, туризмот, челичната индустрија како и метало преработувачката индустрија.
На новинарско прашање за можно решение за спорот околу името помеѓу Македонија и Грција, Церар рече дека Словенија го поздравува фактот што се интензивираат разоговорите, бидејќи, како што рече, сакаат да дојде што поскоро решавање на ова прашање, за што изрази уверување дека е вистинско време да дојде до спогодба помеѓу двете земји.
Премиерот на Словенија, Церар, престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија каде утре во Скопје заедно со својот македонски колега Зоран Заев, ќе присуствува на бизнис форумот Македонија-Словенија, во организација на Стопанската комора на Македонија и Амбасадата на Словенија во Скопје.