Stipe Mayiç
02 Мај 2017•Ажурирај: 02 Мај 2017
ЗАГРЕБ (AA) - Во сеќавање на загинатите цивили, жртвите на ракетирањето на Загреб од 1995 година, положени се венци и запалени се свеќи на Плоштадот на мајските жртви, јавува Anadolu Agency (AA).
Во знак на сеќавање на загинатите сограѓани при ракетирањето на Загреб на 2 и 3 мај 1995 година претставниците на Град Загребво друштво на претставниците на Здружението на цивилите Хрвати од Домовинската војна на Град Загреб и Загребската жупанија положија венец и запалија свеќа на Плоштадот на мајските жртви од 1995 година.
Венецот наместо градоначалникот Милан Бандиќ го положи неговата заменичка Весна Кусин во придружба на ранетите и претставниците на семејствата на страданите во тие напади.
Помеѓу останатите локации, една ракета од типот Оркан падна на Хрватскиот народен театар (ХНК) во време додека балерините имаа проба.
При нападот на Загреб загинаа седум цивили, а 205 лица се ранети. Во знак на сеќавање на тоа, во Петрќиевата улица е отворен Музеј на ракетирање на Загреб.
Ракетирањето на Загреб беше одмазда за воено-редарската акција „Блијесак", која ја спроведоа хрватските сили 1995 година.