Ahmet Nurduhan
12 Мај 2022•Ажурирај: 12 Мај 2022
САРАЕВО (АА) - Во утринските часови настана експлозија во фабриката за производство на хемикалии во словенечкиот град Кочевје, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Властите соопштија дека во експлозијата се повредени над 20 лица, од кои еден е тешко повреден.
Се истакнува дека повредените лица се пренесени во болница во Љубљана.
Градоначалникот на општина Кочевје, Владимир Пребилиќ, во изјава за Н1 (N1) истакна дека властите, по настанатата експлозија, излегле на терен.
Исто така, властите упатија предупредување до жителите во подрачјето да не излегуваат надвор и да ги затвораат прозорците на просториите во кои се наоѓаат.