Derya Gülnaz Özcan
02 Ноември 2022•Ажурирај: 08 Ноември 2022
АТИНА (АА) - Како последица на потонувањето на чамец со нерегуларни мигранти во Егејско Море, во близина на брегот на островот Евбеја, едно лице загина, а повеќе од 50 се водат за исчезнати, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на грчката крајбрежна стража се вели дека машко тело било пронајдено во областа каде што потонал чамецот.
Според веста што ја објави грчката државна агенција АМНА, во чамецот имало 68 нерегуларни мигранти.
Во спасувачките операции спасени се 11 лица од египетско, авганистанско и иранско потекло, а во тек се операции за пронаоѓање на повеќе од 50 исчезнати нерегуларни мигранти.