Балкан

Една година по таксите кон Србија, Косово забележа пад во увозот за околу 50 милиони тони

„Отсекогаш се дебатирало дека Косово е зависно од Србија и дека нема да опстане без Србија. Всушност, се покажа спротивното...“

Agim Sulaj  | 22.01.2020 - Обновена : 23.01.2020
Една година по таксите кон Србија, Косово забележа пад во увозот за околу 50 милиони тони Фото: Erkin Keçi/АА

ПРИШТИНА (АА) - Клубот на производители на Косово (КПК) одржа панел-дискусија во врска со влијанието врз економијата на земјата во индустријата за производство по воведувањето такси од 100 отсто за производите со потекло од Србија кои влегуваат во Косово, една година по воведувањето на оваа такса, јавува Агенција Анадолија (АА).

Извршниот директор на КПК, Астрит Панџа, истакна дека за првпат по војната во 1999 година, имаат пад на обемот на увозот, што се подразбира дека дел од овој обем е заменет со домашно производство.

Панџа нагласи дека е забележан раст во увозот на машини за производство, раст на кредитирање во секторот за производство, додека од ноември 2018 до ноември 2019 година податоците на Централната банка на Косово, рече тој, покажуваат дека има пад на кредитирањето во трговијата, што е еден феномен кој не се случил порано.

„Отсекогаш се дебатирало дека Косово е зависно од Србија и дека нема да опстане без Србија. Всушност, се покажа спротивното. Денес Косово на листата на топ-земји за трговска размена ги има сите земји кои се пријателски земји, земји кои го признале Косово и земји кои се стратешки поврзани со целите на косовската држава. Немаше недостиг на производи, немаше социјални немири, немаше драстично зголемување на цените“, истакна Панџа.

Аналитичарот на политики во КПК, Бесар Жуја, нагласи дека таксите имале позитивно влијание врз косовската економија. Според него, една година по оваа такса, забележан е пад во обемот на увозот. Но, најголемиот раст во споредба со другите сектори, според Жуја, е забележан во бројот на вработените во земјата.

„Забележан е пад во обемот на увозот за 50 милиони тони, во споредба со претходната година, што се подразбира дека е создаден поголем простор за домашните производители да го полнат овој вакуум“, додаде Жуја.

Тој рече дека според Агенцијата за статистики на Косово (АСК), доколку се споредува третото тримесечје на 2018 и третото тримесечје на 2019 година, забележан е константент раст на вработените во секторот на производство, односно, растот е 11.500 вработени во споредба со третото тримесечје во 2018 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın