İhvan Radoykov
11 Јануари 2018•Ажурирај: 12 Јануари 2018
СОФИЈА (АА) - Бугарската министерка задолжена за претседавањето со ЕУ, Лилјана Павлова, изјави дека Бугарија за време на своето претседавање ќе организира речиси 460 состаноци, средби и културни настани, јавува Anadolu Agency (AA).
„Пораката на Бугарија за време на претседавањето на ЕУ е единство на Унијата“, изјави Павлова во обраќањето на отворањето на интерактивната изложба во Софија по повод преземањето на Бугарија со претседавањето со ЕУ.
Таа истакна дека нејзината земја за време на своето претседавање посебно внимание ќе посвети и на процесот на евроинтеграции на земјите на Западен Балкан, додавајќи дека и Турција е важен партнер на ЕУ.
„Доколку сакаме силна ЕУ, тогаш ни се потребни силни и стабилни односи и со нашите партнери. Турција е токму еден таков партнер“, изјави Павлова.
Таа изрази уверување дека нејзината земја може да помогне во стабилизацијата на односите на ЕУ и Турција.
„Бугарија со Турција има многу хармонична соработка. Исто така, за нас е важна и хармонијата во односите на ЕУ и Турција. Верувам дека Бугарија во таа смисла може да пружи помош во улога на искрен посредник“, изјави Павлова.
На интерактивната изложба во Софија се изложени фотографии за културата и обичаите во Бугарија.
Бугарија на 1.јануари го презеде шестмесечното претседавање со ЕУ. Таа земја ги дефинираше четирите главни приоритети кои ќе бидат во фокус на нејзиното претседавање со ЕУ, а тоа се иднината на Европа и младите, економскиот раст и социјалната кохезија, европска перспектива и поврзаност на Западниот Балкан, безбедноста и стабилноста и дигиталната економија.