Senada Ibraimova
10 Март 2017•Ажурирај: 10 Март 2017
СКОПЈЕ (АА) – Денес пред споменикот во Тутунскиот комбинат, со минута молк и положување цвеќе беше одбележана 74-годишнината од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот „Треблинка“. Претставниците на Еврејската заедница во Македонија потсетија на историјата со која се соочиле Евреите во 1943 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателката на еврејската заедница во Македонија, Берта Романа Николиќ, одржа говор во кој го опиша процесот и историјата со која се соочиле Евреите од Скопје, Битола и од Штип, во 1943 година.
Таа, меѓу другото, рече дека вкупно 7.144 Евреи од Македонија биде депортирани во логорот „Треблинка“.
На денешната комеморација, со положување цвеќе оддадоа почит делегациите од Владата, кабинетот на претседателот, Собранието, претставници на институции и организации од различни етнички заедници и амбасади на странски држави.