Besar Ademi
10 Февруари 2017•Ажурирај: 11 Февруари 2017
СКОПЈЕ (АА) – Еврокомесарот за соседна политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан, кој вчера допатува во официјална посета во Република Македонија, во Министерството за внатрешни работи додели сертификати за донацијата на 33 теренски возила за соочување со бегалската криза, јавува Anadolu Agency (AA).
Од 33 возила во вредност од 800 илјади евра, 31 од возилата се наменети за потребите на граничната полиција, додека другите 2 возила се наменети за Центарот за Управување со кризи (ЦУК). Според делегацијата на ЕУ во Скопје, возилата ќе овозможат да се зголеми ангажманот на институциите во нивното менаџирање со миграцијата и во борбата против шверцот со мигрантите и меѓуграничниот криминал.
Министерот за внатрешни работи на Македонија, Агим Нухиу, рече дека донацијата ќе ги зајакне техничките капацитети на граничната полиција според современи професионални стандарди, и исто така ќе помогнат за надминување на предизвиците против меѓународните закани, особено за бегалската криза.
„Оваа помош претставува уште една благодарност од страна на Европската Унија за досегашниот придонес и успешното менаџирање со бегалската криза“, изјави Нухиу и додаде дека оваа донација од ЕУ е многу важна за Македонија.
Во меѓувреме, еврокомесарот Јоханес Хан изјави дека донацијата претставува силен знак на блиската соработка меѓу ЕУ и Македонија во соочувањето со кризата со бегалците и мигрантите, криза со којашто, според него, Европа се соочува во модерното време.
„Необјасниви се димензиите на оваа криза со која што се соочува не само Европа, туку целиот свет. Причините се комплицирани и не постои закрепнување. Потребна помош за тие луѓе кои што бараат поддршка, во меѓувреме потребна е помош за земјите што се борат во соочувањето со кризата во потполна согласност со европските и меѓународните стандарди“, изјави Хан.
Хан истакна дека кризата со бегалците и мигрантите покажа дека Македонија и сите други земји од Западен Балкан се дел од големото европско семејство, додека блиската соработка докажа колку е позитивно да соработуваме во соочувањето со заедничките предизвици.
Возилата со јапонско производство се добиени преку фондот на Европската Унија (ЕУ), чија цел е подршка на државните институции на национално и на локално ниво. Возилата се наменети за терени со потежок пристап и имаат капацитет за 7 полицајци.