Besar Ademi
31 Август 2017•Ажурирај: 01 Септември 2017
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров и неговиот грчки колега, Никос Коѕијас, на заедничка прес-конференција која се одржа во Скопје, истакнаа дека овие две соседски земји треба да продолжат со градење на доверливи мерки и решавање на проблемите во интерес на нивните граѓани, јавува Anadolu Agency (AA).
Министрите на двете земји нагласија дека денес разговарале за разликите околу името, особено за процесот за развој на довербата, вклчувајќи ги интересите и загриженостите на двете страни. Димитров рече дека од грчка страна очекува и се надева на помош и поддршка за европските интеграции на Македонија, и дека Грција сакаат ја гледаат како иден пријател и сојузник.
На прашањето на новинарите околу решавање на симболите Александар Велики, и дали ќе се промени името на аеродромот во Скопје и улиците со ова име, шефот на македонската дипломатија одговори: „Ние не сме среќни кога нечии големи мапи навлегуваат на територијата на Македонија, така разбираме дека и Грција не е среќна кога ние или некој мавта со големи мапи“.
„Ние, не само како влада, туку и воопшто како општество, единствена голема работа што ја гледаме и кон која што се стремиме е голема Европа. Мислам дека не е многу мудро да креираме надворешна па и внатрешна политика врз историски личности од пред 2000 години. Ние сме една нација што научи извесни лекции во последниве неколку години. Свесни сме дека историјата не можеме да ја менуваме. Тоа што можеме да го направиме е да ја менуваме сегашноста и да си ја отвориме иднината", рече Димитров.
Димитров нагласи дека граѓаните на двете соседски земји ќе живеат посреќни ако имаат отворени мостови и врати. Тој додаде дека не може ништо да каже во врска со некој конкретен план во контекст на симболите и статуи.
„Мислам дека не е многу разумно да најавам што точно, и каква ќе биде нашата политика. Меѓутоа, во секој случај ќе се движи во овие рамки: меѓународните обврски, се стремиме кон голема Европа, не сакаме друго. Мислам дека тоа е единствената формула за среќен и успешен Балкан".
Од друга страна, министерот Koѕијас истакна дека Грција го поддржува и ќе продолжи со сите сили да го поддржува стабилноста и суверенитетот на оваа северна соседска земја, бидејќи стабилноста на оваа земја ја храни стабилноста на Грција, додека резвојот на Грција го храни развојот и стабилноста на Македонија.
„Грција го поддржува евро-атлантскиот пат на целиот Балкан. Сите овие земји останаа кандидати во Самитот во Солун кога Грција председаваше со НАТО. Затоа, нема потреба да докажеме храброст, бидејќи храброста е елемент на нашата политика. Ние го правиме ова затоа го сметаме за точно за Европа и за иднината на нашата земја. Ние остануваме сами во НАТО и ЕУ во овој регион. Ова не е ниту во наш интерес, бидејќи, од другите земји не става во една подалечна состојба“, рече грчкиот министер.
Во врска со членството на Македонија во НАТО, Коѕијас нагласи дека постојат одлуки од Букурешт и со тие одлуки и нивното реализирање оваа земја ќе стане членка на НАТО. Тој додаде дека не зависи од Грција како ќе се реализираат овие одлуки.
„Ние ја сакаме оваа мила наша северна земја и во НАТО и во ЕУ, но за постигнување до таму, ќе треба сето тоа да се оствари врз основа на правилата на ЕУ и НАТО“ изјави Коѕијас истакнувајќи дека во земјата која ја посетува денеска постои европско лидерство, европска влада и европска перспектива.
Шефот на грчката дипломатија престојува во официјална посета во Македонија. Тој по средбата со неговиот македонски колега, ќе биде пречекан од страна на претседателот на земјата, Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието, Талат Џафери, вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, како и со претставниците на другите политички партии застапени во Собранието.