Bekim Laci
13 Декември 2017•Ажурирај: 14 Декември 2017
СКОПЈЕ (АА) - Денес во Скопје во просториите на Министерството за надворешни работи на Македонија се одржа состанокот на Партнерската комисија на САД - Јадранската повелба, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, истакна дека Македонија е задоволна од новиот интерес за земјата, кој го покажале Вашингтон и значајните европски главни градови, затоа, според него, наредната година ќе биде година на нови можности за Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Димитров во неговата изјава нагласи дека за време на председавањето на Македонија со Јадранската Повелба се забележани задоволителни резултати, како што е членството на Црна Гора во НАТО.
„Македонија ќе го направи максимумот за да биде дел од мировниот мозаик. Немаме многу време, додека прашањето околу името е тема за која има голем интерес, за што преговорите започнаа во вторник во Брисел“ рече Димитров.
Метју Палмер, директор прашања околу Европа и Југоисточна Европа во американскиот Стејт департмент, високо го оцени претседавањето на Македонија со Јадранската Повелба, и нагласи дека ќе му биде особена чест ако Македонија биде триесетта земја-членка на НАТО Алијансата.
„Едно можно решение на спрото со името ќе биде истовремено едно поттикнување за мирот и стабилноста во регионот“ изјави Палмер, истакнувајќи дека затоа очекуваат да започнат преговорите со Грција.
Министерот за надворешни работи на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, истакна дека безбедноста и стабилноста, поради што се сретнале во Скопје, се прашања кои го интересираат целиот регион, и тие претставуваат заедничка цел. Тој додаде дека не може да има безбедна Европа, без мирен и безбеден Балкан.
„„Земјите од регионот ја повторија нивната посветеност за давање дополнителен придонес на регионалните и глобалните прашања, учествувајќи во заедничките мисии на НАТО“ , рече Дармановиќ, упатувајќи благодарност до Македонија за успешното претседавање со Јадранската Повелба.
Денешниот состанок на САД-Јадранска Повелба фактички претставува примопредавање на председавањето кое за време на 2018. година ќе го има Црна Гора.