Ekipa,Zlatan Kapic
16 Јуни 2020•Ажурирај: 16 Јуни 2020
БЕЛГРАД (АА) - Првиот потпретседател на Владата на Република Србија и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, доцна синоќа изјави дека грчките власти го известиле дека ќе дозволат српските државјани да влезат во земјата преку границата со Бугарија, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Како што е објавено на веб-страницата на Владата на Србија, Дачиќ истакнува дека очекува во текот на денешниот ден да се донесе официјална одлука дека границата е отворена за сите српски туристи.
Тој објасни дека одлуката засега се однесува само на границата со Бугарија, но не и со Северна Македонија.