Nur Asena Ertürk
25 Јули 2023•Ажурирај: 26 Јули 2023
АТИНА (АА) - Грција продолжува да се бори со пожарите на островите Родос и Крф, заедно со евакуацијата на луѓето, известува Анадолу.
Трет топлотен бран ја зафати Грција, а температурите се движат и до 40 Целзиусови степени, објави денес дневниот весник „Катимерини“.
Повеќе од 20.000 луѓе, главно туристи, досега се евакуирани од Родос, соопштија официјални лица.
Грчката противпожарна служба соопшти дека денес островот Евија и неколку други региони, вклучително и Централна Атика, се соочуваат со екстремен ризик од пожар, а другите региони се под многу висок или висок ризик.
Министерството за климатски промени и цивилна заштита на Грција постојано споделува информации со цел на цивилите да им дадат упатства и детали за евакуацијата.
Пожарите пустошат во Грција од минатата недела, а неколку земји ѝ дадоа помош во гаснењето на пожарите, во кои изгореа куќи и шумски површини.