Furkan Naci Top
11 Јануари 2017•Ажурирај: 12 Јануари 2017
АТИНА (АА) - На 23 јануари ќе биде донесена одлука во врска со екстрадицијата на војниците-пучисти во Турција, кои по учеството во обидот за државен удар на терористичката организација ФЕТО избегаа во Грција, јавува Anadolu Agency (AA).
Пред судијата на Врховниот суд во Грција (Ариос Пагос) се појавија двајца од осумтемина војници-пучисти, капетан Абдулах Јетик и капетан Угур Учан.
По сослушувањето пучистите како сведоци од страна на експертите по право и вооружените сили, на крајот од судењето, судијата препорача тие да не ѝ се испорачуваат на Турција, поради сомневањето дека нема да добијат фер судење.
Судиите со цел да ја донесат конечната одлука, решија повторно да се соберат на 23 јануари. Заклучно со вчерашното рочиште, одложени се рочиштата за вкупно 4 пучисти. За преостанатите четворица пучисти, рочиштето ќе биде одржано в петок.
По обидот за државен удар, осуммина војници-пучисти избегаа во Грција. Турција побара нивна испорака, по што Апелациониот суд во Атина во три одвоени рочишта донесе одлука тројца војници да ѝ бидат испорачани на Турција, додека за петмина војници барањето беше одбиено.
Главниот обвинител на Апелационен суд во Грција, Антонис Лиогас, поднесе жалба до Врховниот суд во Грција, кој претходно имаше поднесено жалба и за тројцата војници-пучисти за кои беше донесена одлука да бидат испорачани на Турција.
Одлуката на Врховниот суд на Грција ќе биде последен чекор во судскиот процес во насока на периодот за испорака на војниците-пучисти.