Tevfik Durul
19 Април 2022•Ажурирај: 20 Април 2022
АТИНА (АА) - Грција задржа руски танкер со нафта на брегот на островот Евбеја, во рамките на санкциите на Европската унија (ЕУ) кон Русија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави грчкиот весник „Катимерини“, рускиот брод „Пегас“ бил запрен во заливот на југот од островот Евбеја. Рускиот брод пловел за да пренесе нафта на друг брод на полуостровот Пелопонез, но поради лошите временски услови се пренасочил кон островот Евбеја.
Претставници на грчката крајбрежна стража наведоа дека одлуката да не се дозволи танкерот со нафта да излезе од заливот е донесена од Агенцијата за спречување на перење пари во земјата, во согласност со санкциите на ЕУ и НАТО кон Русија.