Балкан

Груби: „Судбините на народите во нашата земја се меѓусебно поврзани“

„Во име на Владата на нашата земја, сеќавајќи се и поклонувајќи се пред сите мажи и жени на нацијата, кои со децении и векови се труделе за подобро утре, им го честитам на сите Албанци 22 Ноември - Денот на азбуката“, потенцираше Груби.

Admir Fazlagic  | 22.11.2020 - Обновена : 23.11.2020
Груби: „Судбините на народите во нашата земја се меѓусебно поврзани“ ( Прес-служба на Владата на РСМ )

СКОПЈЕ

Во Владата на Република Северна Македонија се одржа свечен настан во присуство на министри и државни функционери, со кој беше одбележан 22 Ноември - Денот на албанската азбука, јавува Агенција Анадолија (АА).

Пред присутните се обрати првиот заменик на претседателот на Владата на Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, кој во својот говор рече дека оваа година се одбележува 80-годишнината од смртта на Ѓерѓ Фишта, претседателот на Комисијата за изготвување на албанската азбуката на Битолскиот конгрес.

По тој повод, Груби рече дека на Фишта му го посветува ова одбележување на годишнината од Денот на азбуката на албански јазик.

„Судбините на нашите народи во нашата земја се меѓусебно поврзани, заедничко ни е патешествието кон слободата, правдата, еднаквоста, но и интеграцијата. Како што вели Фишта, принципот на самоопределување на етничката припадност, на јазик и идентитет, не може да се утврди со договори, со трактати, туку врз принципите на боженствениот закон. Денес, минатото не смее да ја држи иднината во заложништво. Методите и вредностите на 19 век не можат да се вратат во употреба во 21 век“, истакна Груби.

Во своето обраќање, тој упати честитка до граѓаните по повод Денот на албанската азбука.

„Почитувани граѓани, драги сонародници, во име на Владата на нашата земја, сеќавајќи се и поклонувајќи се пред сите мажи и жени на нацијата, кои со децении и векови се труделе за подобро утре, им го честитам на сите Албанци 22 Ноември - Денот на Битолскиот конгрес и азбуката на албанскиот јазик“, потенцираше Груби.

По обраќањето на Груби, следуваше презентација на песна подготвена по повод Денот на албанската азбука.

Честитки по повод Денот на албанската азбука упати претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, претседателот на Собранието , Талат Џафери и премиерот Зоран Заев.

За потсетување, Денот на албанската азбука или Битолскиот конгрес го одбележува состанокот на десетици албански научници, одржан од 14 до 22 ноември 1908 година во Битола, со цел создавање на албанската азбука. На овој Конгрес, делегатите од Албанија и од албанските здруженија и клубови од целиот свет ја донесоа одлуката за прифаќање на латиницата, со одредени промени.

За албанскиот народ, Битолскиот конгрес беше најважниот настан во почетокот на 20 век, заедно со прогласувањето на независноста на Албанија на 28 ноември 1912 година. Со ова, 22 ноември останува ден за помнење за албанскиот народ, познат како Денот на азбуката.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.