Zylfije Adem Jakupi
28 Април 2023•Ажурирај: 29 Април 2023
ПРИШТИНА (АА) - Генералниот секретар на Светската царинска организација Кунио Микурија изјави дека на крајот од дводневната посета на Косово е импресиониран од развојот на Косовската царина, јавува Анадолу.
Микурија на заедничката конференција за медиумите со генералниот директор на Косовската царина, Агрон Лугалиу, рече дека во текот на разгледувањето на различните царински единици се уверил за напредокот во модернизацијата на царинската процедура.
Во разговорите со царинските службеници добил увид кои се важните прашања за Царината на Косово, од влезот, до поддршката низ олеснување на трговијата во пограничните зони.
Микурија информираше дека на средбата зборувале за начините како да се поддржи царината, како таа да биде уште попрофесионална, што може да се оствари низ политичка поддршка, деловна поддршка, со поддршка од други агенции во примената на законите, но тоа е во спротивност со Законот за царинско и трговско олеснување.
Генералниот директор на Косовската царина, Агрон Лугалиу, изјави дека на секретарот на Светската царинска организација, кој за првпат престојува во Косово, прикажана му е работата на Косовската царина и претставени му се плановите за иднина.
„Го информиравме секретарот дека Косовската царина и останатите институции се посветени да бидат опфатени во управните одбори и работни групи на Светската царинска организација со цел да продолжиме да придонесуваме во размената на искуства и добра практика со другите земји“, рече Лугалиу.
Царината на Косово стана членка на Светската царинска организација на 25 јануари 2017 година, која има вкупно 184 земји членки.