Ekip
07 Декември 2017•Ажурирај: 07 Декември 2017
БЕЛГРАД (AA) - Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ се состана вечерва во Белград со министерот за надворешни работи на Република Турција Мевлут Чавушоглу со којшто разговараше за билатералните односи, економската соработка и за учеството на турските компании во регионалните инфстрактурни проекти, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Вучиќ истакна дека Србија останува посветена на понатамошно унапредување на билатералните односи и соработката во сите области од заеднички интерес, како и редовниот политички дијалог на високо и највисоко ниво.
„Србија очекува дека почетокот на работата на Високиот совет за соработка помеѓу Република Србија и Република Турција, чие формирање е предвидено со политичка декларација потпишана за време на посетата на претседателот Ердоган, ќе даде посебно голем придонес во понатамошното јакнење на односите на двете држави", истакна Вучиќ и нагласи дека до крајот на годината ќе отвори уште две турски фабрики во Србија.
Тој изрази задоволство од нивото на билатералните односи коишто го достигнаа највисокото ниво до сега, за што сведочи големиот број разменети посети на функционерите во изминатиот период, меѓу кои е, секако, најважна посетата на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Вучиќ се заблагодари на поддршката која Турција ја дава на Србија во евро-интеграциите.
Шефот на турската дипломатија оцени дека посетата на претседателот Ердоган била одлична и му се заблагодари на претседателот Вучиќ на личниот придонес во организација на посетата.
„Србија е искрен пријател на Турција и она што Вие го правите е најдобро за Вашата држава, но и за целиот регион", истакна Чавушоглу.