Andjelija Stojkovic
19 Декември 2020•Ажурирај: 21 Декември 2020
БЕЛГРАД
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, разговараше денес со претседателот на Франција, Емануел Макрон, кој е заразен со коронавирусот (Ковид-19), и му посака брзо заздравување, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Вучиќ на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм напиша дека разговорот бил долг и пријателски и додаде дека изразиле надеж дека светот наскоро, со помош на вакцината, ќе ја надвладее пандемијата.
„Изразив надеж дека граѓаните на Западен Балкан ќе добијат можност за вакцинација во исто време кога и жителите на Европската Унија“, напиша Вучиќ.
Додаде дека му се заблагодарил на Макрон за поддршката, грижата и човечката државничка солидарност, што во оваа прилика им ја покажува на граѓаните на Србија.