Andelija Stojkovic
27 Април 2017•Ажурирај: 27 Април 2017
БЕЛГРАД (AA) – Претседателот на Владата на Србија Александар Вучиќ денеска оцени дека одлуката на француското правосудство да не го испорача некогашниот лидер на Ослободителната војска на Косово, Рамуш Харадинај на Србија „срамна, скандалозна, противправна и повеќе од се политичка", јавува Anadolu Agency (AA).
За нас ова никогаш нема да биде прифатливо. Добро е што ни покажаа што мислат за нашите жртви и народот. Добро е што ни покажаа како фунцкионира владеењето на правото. Треба да се срамат од своите одлуки кои се знасновани на политика и немаат никаква врска со правдата и правото", рече Вучиќ.
Тој на конференцијата за новинарите во Владата на Србија рече дека денеска ќе биде повикан амбасадорот на Србија во Франција Рајко Ристиќ да се врати во Белград на консултации, додека на Франција ќе ѝ биде упатена, како што рече, „најостра протестна нота", но дека нема да бидат прекинувани дипломатските односи со Франција.
„Тука се работи за тоа дали некој ќе ги штити злосторниците или не, дали ќе ја почитувате Женевската и Виенската конвенција", рече Вучиќ.
Српскиот премиер негодуваше бидејќи францускиот суд наведе дека Харадинај не може да и биде испорачан на Србија поради тоа што во јавноста е веќе прогласен за виновен и не би имал услови за праведно судење.
Тој рече дека за ставовите на Србија ќе ги извести членките на Обединетите нации и дека по повод на таа одлука на судот во Колмар денеска ќе разговара телефонски со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.
Вучиќ ја повика меѓународната заедница да разлисли за тоа „што поттикнува на Балканот“ и „кој ги поттикнува идеите за голема Албанија“.
Тој додаде дека Србија ќе продолжи да ги гони сите оние кои ги извршија воените злосторства и дека политиката на Србија нема да може да се менува и ќе остане на европскиот пат и ќе ги чува односите со Русија и Кина.
Српскиот премиер рече дека Србија ќе молчи за она што го прават албанските лидери, „не затоа што се плаши од нив, туку да се сочува мирот и стабилноста".
Вучиќ рече дека не очекува многу од Специјалниот суд за воени злосторства на ОВК, но дека ако побараат ќе им ја испратат документацијата за злосторствата над Србите.
Апелациониот суд во вранцускиот град Колмар денеска го одби барањето на Србија за испорачување на лидерот на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај.
Харадинај со одлуката на судот е ослободен и во рок од 24 часа може да се врати во Косово.
На одлуката на судот Србија повеќе нема право на жалба.
Харадинај е приведен на 4. јануари на територијата на Франција, врз основа на потерница која против него ја издаде Србија за воени злосторства извршени во текот на војната на Косово 1998 и 1999 година.