Andelija Stojkovic
15 Февруари 2022•Ажурирај: 16 Февруари 2022
БЕЛГРАД (АА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва ги распиша парламентарните избори во Србија за 3 април, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вучиќ првин, со одлука по образложениот предлог на Владата на Србија, го распушти Собранието на Србија, а потоа ги распиша и парламентарните избори.
Тој истакна дека претходниот парламентарен состав спровел важни задачи за Србија, особено во сферата на владеењето на правото, и дека српската Влада и Парламентот реализирале важни работи по прашањето на економскиот напредок и одржувањето на целосна политичка, економска и социјална стабилност во Србија.
Вучиќ ги повика граѓаните да учествуваат на изборите, а учесниците да покажат дека е важно да се прифатат новите планови за иднината и своите програми да ги претстават со меѓусебна почит, што ќе биде чекор кон европска Србија.
„Оние кои ќе победат сакам Србија да ја водат на најдобар можен начин“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека очекува интересна, сериозна и одлучна изборна кампања, која ќе ги зајакне демократските капацитети на Србија.
Изрази уверување дека луѓето во Србија ќе умеат да го изберат најдобриот.
„Почитувани граѓани на Србија, нека ви се среќни изборите“, порача Вучиќ.
Претходно, претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, донесе одлука за одржување избори за советници во собранијата на градовите и општините.
Дачиќ рече дека и претседателските избори во Србија ќе се одржат на 3 април, а одлуката за нив ќе биде донесена на почетокот на март.