Bojana Stojanovic
30 Јуни 2020•Ажурирај: 30 Јуни 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија како последица на вирусот Ковид-19 во изминатите 24 часа починаа три лица, додека вирусот во истиот период е дијагностициран кај 276 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјата е 1.625.
Вкупно, од почетокот на епидемијата во земјата регистрирани се 14.564 случаи.
Од вчера тестирани се 8.377 лица, од кои 276 се позитивни на коронавирусот.
Во изминатите 24 часа од последиците предизвикани од вирусот починаа уште три лица, со што бројот на смртни случаи досега порасна на 277. Процентот на смртност е 1,90 отсто.
На респиратори се 42 пациенти. Досега за вирусот се тестирани вкупно 401.240 граѓани.