Husameddin Gina
07 Декември 2018•Ажурирај: 07 Декември 2018
СКОПЈЕ (АА) – Во организација на болницата „Санте Плус“, денес во Скопје се одржа семинар на тема најновите светски достигнувања во областа на гинекогијата и акушерството, јавува Anadolu Agency (AA).
На конференцијата учествуваа заменик мнистерот за здравство на Република Македонија Асим Муса, главниот советник за трговски односи при Амбасадата на Турција во Скопје,Буњамин Кутлу, Билал Кара, претседател на МУСАИД Македонија и сопственик на Групацијата „Санте Плус", доктори гинеколози од Турција и Македонија.
Заменик министер за здравство на Македонија, Асим Муса, во името на министерството истакна дека за него е чест и задоволство да учествува на овој настан во областа на гинекологијата. Тој нагласи дека на вакви домашни и меѓународни собири со разговори и со презентација на трудови ги споделуваат знаењата меѓу себе со цел при работата да бидат успешни, а на пациентите да им се пружи она најдоброто што во моментот им е потребно.
Билал Кара, претседател на МУСИАД Балкан и сопственик на Групацијата Санте Плус, во изјава за АА рече дека истакна дека светските познати гинеколози од Турција пред колегите од Македонија ќе ги престават најновите достигнувања во областа на гинекологијата и акушерство.
„Ова е една од нашите активности што ги спроведуваме во Македонија. Нашата цел е да ја презентираме турската медицина а исто така медицината во Турција и во Македонија да ја споиме под ист покрив и да се создаде една средина каде докторите од двете земји ќе можат да соработуваат“, нагласи Кара.
Тој потсети дека особено во последните 15-20 години медицината во Турција е многу развиена и е област каде што има достигнувања од светско ниво.