Балкан

Во Скопје се одржува регионална конференција за родово одговорно буџетирање

Се очекува оваа конференција да отвори нови можности за зајакната соработка и вмрежување меѓу владите и да го отвори патот за идните регионални интервенции за родово одговорно буџетирањe.

Aida Cako, Besar Ademi  | 22.05.2018 - Обновена : 23.05.2018
Во Скопје се одржува регионална конференција за родово одговорно буџетирање (Foto: Besar Ademi/ AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Денес во Скопје започнува Регионалната конференција за родово одговорно буџетирање, на која ќе бидат презентирани најдобрите практики во регионот и најновите трендови за буџетирање за еднаквост, јавува Anadolu Agency (AA).

Конференцијата ја организира Канцеларијата на „UN Woman“ во Скопје во партнерство со Владата на Република Македонија.

Таа се дели на неколку панели на кои ќе се разговара за родовото одговорно креирање политики и споделување добри практики во вклучувањето на родовите прашања во секторските политики на централно и локално ниво.

Конференцијата ја отвори министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, која истакна дека родовото одговорно буџетирање е начин на којшто се следи како парите од буџетот се трошат за една или друга група, која според неа претставува алатка која дава добра слика за тоа кон што се движи и во што инвестира државата.

„Конечно регионот го дискутира родовото прашање како потенцијал, а не како проблем. Тоа навистина ме радува затоа што кога ќе ги видите економските индикатори тие не може да се унапредат, ако не ги вклучиме сите граѓани во нашето општество“, рече Царовска.

Постојаниот координатор на Обединетите нации (ОН) и постојаниот претставник на Програмата за развој на ОН (УНДП), Луиза Винтон, истакна дека е многу лесно да се зборува за родовата еднаквост, но ова прашање треба да биде приоритет на едно опшество во кое треба да бидат вложени пари.

На Конференцијата што трае денес и утре присуствуваат околу 80 владини и невладини претставници од земјите во регионот.

Се очекува оваа конференција да отвори нови можности за зајакната соработка и вмрежување меѓу владите и да го отвори патот за идните регионални интервенции за родово одговорно буџетирањe.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.