Dzihat Aliju
05 Мај 2023•Ажурирај: 05 Мај 2023
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје синоќа се одржа состанок за поддршка на претседателот на Туркије Реџеп Таип Ердоган и Народната алијанса, известува Анадолу.
Настанот го организираше Претседателството на Изборниот координативен центар на АК Партијата во Северна Македонија (СКМ).
На средбата учествуваа претседателот на Турската демократска партија (ТДП) во Северна Македонија и пратеник во македонскиот парламент Бејџан Илјас, претседателот на Сојузот на граѓански организации на македонското турско општество (МАТУСИТЕБ), Тахсин Ибрахим, претседателот на Бошњачката демократска унија (БДС) Мунир Колашинац, поранешниот претседател на Уставниот суд на Северна Македонија Салих Мурат, генералниот секретар на Движењето за национално единство на Турците во Северна Македонија Џунејт Рушид, претставници на политички партии и невладини организации, академици и гости.
Претседателот на Изборниот координативен центар на АК Партијата во Северна Македонија Харун Бариш Дикен во својата изјава за новинарите истакна дека во Туркије на 14 мај ќе се одржи избор за претседател и парламентарни избори за 28-миот состав на турскиот Парламент и потсети дека турските граѓани во Северна Македонија својот глас ќе можат да го искористат гласајќи во просторитие на Амбасадата на Туркије во Скопје од 5 до 7 мај.
Поканувајќи ги турските граѓани да гласаат, Дикен рече: „Во Северна Македонија постои голема наклонетост кон нашиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Постои многу сериозна врска и наклонетост кон Република Туркије. За дополнително да ја зајакнување на оваа врска, организиравме програма непосредно пред гласањето што ќе започне во Скопје на 5 мај“.