Abdula Berisha
08 Март 2019•Ажурирај: 08 Март 2019
СКОПЈЕ (АА) – Муслиманските верници ширум светот ја одбележуваат Ноќта на Регаип, која се смета како предвесник на месецот на постот, Рамазан. По овој повод, во неколку џамии во Скопје се организираа различни програми со кои беше одбележана оваа ноќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Под покровителство на Канцеларијата за верски прашања при Амбасадата на Турција во Скопје и Исламската верска зедница (ИВЗ), беше организирана програма во Мустафа пашината џамија.
Советникот за верски прашања при Амбасадата на Турција во Скопје, Мурат Алкан рече дека во програмата ќе учествуваат и гостите од Турција Реџеп Јасан, Нуман Дујгу и Хакан Аџар, кои читаа делови од светата книга за муслиманите, Куранот, а исто така читаа и други молитви.
Слична програма беше организирана и во Мурат пашината џамија, во Скопската Чаршија која традиционално е домаќин на ваквите манифестации.
Скопскиот муфтија, Кенан Исмаили, во изјава за Anadolu Agency ги поздрави ваквите програми и посака тие да продолжат да се организираат и во иднина.
Хатибот на Мурат пашината џамија, Сулејман Баки, им ја честита Ноќта на Регаип сите исламски верници, додавајќи дека оваа ноќ е еден вид најава на Рамазан, светиот месец на постот.
Програма за одбележување на Ноќта на Регаип ќе се одржуваат и во Гостивар. Ноќта на Регаип во исламот е позната како ноќ на надежта и исполнување на желбите и се карактеризира со зголемување на бројот на извршените верските обреди.