Furkan Abdula
10 Јули 2019•Ажурирај: 11 Јули 2019
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје вечер беше прикажан документарниот филм „Мрежа“ (The Network) - дело кое го обелоденува вистинското лице на терористичката организација ФЕТО, чиј автор е познатиот англиски новинар Ендрју Вилсон и кој е подготвен од страна на ТРТ Ворлд TRT World во рамки на проектот започнат од страна на Одделот за комуникација при турското Претседателство, јавува Anadolu Agency (AA).
Вечерашниот настан кој беше организиран во кампусот на Меѓународниот Балкански Унвиерзитет (ИБУ), се одржа под покровителство на Амбасада на Турција во Скопје.
На настанот учествуваа министерката за одбрана на Северна Македонија, Радмила Шекеринска, амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, пратеникот на АК Партија од Ерзурум, Селами Алтинок, како и бројни високи државни претставници, политичари, пратеници, претставници на турските организации и институции во земјата и голем број поканети гости.
Пратеникот на АК Партија, Алтинок, во изјава за медиумите истакна дека терористичката организација ФЕТО своето вистинско лице на крвав начин го покажал на бројни настани, пред се на 15 јули во 2016 година. Според него со овој документарен филм имаат за цел да го прикажат вистинското лице на ФЕТО.
„Борбата (против ФЕТО) во Турција продолжува. Постигнат е голем напредок. Не можеме да кажеме дека целосно е ставен крај, но постигнавме голем напредок. Ги пресушивме нивните финансиски извори. Веќе не можат да вршат трансфер на извори од Турција во странство“, рече Алтинок.
„Ги предупредуваме земјите кои ги сметаме за братски и пријателски земји, со цел настаните кои се случија во минатото во Турција, во иднина да не се случуваај кај нив“, додаде тој.
Алтинок рече дека бројни земји продолжуваат да го поддржуваат ФЕТО, но рече дека тие ќе продолжат да го прикажуваат вистинското лице на оваа терористичка организација.
Амбасадорката Кара рече дека не сакаат настанот на 15 јули да се случи и во другите земји, и секој треба да биде внимателен против оваа терористичка организација.
„Секој кој ќе порасне во овие училишта, утре може да стане потенцијален убиец или терорист“, нагласи Кара, додавајќи дека доколку секој во своја област води борба против ФЕТО, оваа организација ќе ослабне и ќе исзечне.
Ректорот на ИБУ, проф. д-р Мехмет Дурсун Ердем, рече дека Турција претрпела сериозни проблеми од ФЕТО, и дека оваа организација сеуште ги продолжува своите активности во странство.