Балкан

Во Скопје одбележан христијанскиот празник Водици

По повод празникот Водици, во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан одржа Златоустова литургија.

Admir Fazlagic  | 19.01.2021 - Обновена : 20.01.2021
Во Скопје одбележан христијанскиот празник Водици ( Foto: Umeys Sulejman / Anadolu Agency )

СКОПЈЕ

Во главниот град на Република Северна Македонија, Скопје, одбележан е христијанскиот празник Водици без традиционалното скокање по крстот поради пандемијата на коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).

По повод празникот Водици, во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан одржа Златоустова литургија.

Во Скопје одбележан христијанскиот празник Водици

СКОПЈЕ (АА) - Во главниот град на Република Македонија, Скопје, одбележан е христијанскиот празник Водици, без традиционалното скокање по крстот, поради пандемијата од коронавиррусот (Ковид-19) ( Umeys Sulejman - Агенција Анадолија )

По одржаната литургија, двајца свештеници ги осветија водите на реката Вардар од мостот „Слобода“ во центарот на Скопје, а годинава церемонијата помина без традиционалното скокање по крстот поради мерките преземени со цел спречување на ширењето на Ковид-19.

Овој христијански празник се одбележа со литургии во црквите и нивните дворови во градовите низ земјата.

Според христијанското верување, се смета дека на овој ден сите води се крстени, и дека оној што ќе го најде крстот ќе го следат среќа и бериќет во текот на целата година. Водици е ден на кој, според христијанското учење, Св. Јован Крстител го крстил Исус во реката Јордан.

Со овој празник завршува циклусот зимски празнувања, во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божиќ, Василица и други празници.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.