Балкан

Во Скопје започна фестивалот на документарен филм „МакеДокс“

- Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс' е отворен со документарниот филм „Сѐ што дише“ (All That Breathes) на режисерот Шаунак Сен, филм кој е индиско-британска копродукција.

Admir Fazlagikj  | 19.08.2022 - Обновена : 23.08.2022
Во Скопје започна фестивалот на документарен филм „МакеДокс“ Фото: Едита Зеќировиќ / АА

СКОПЈЕ (АА) - Во присуство на бројни љубители на документарниот филм во Куршумли Ан во Старата скопска чаршија започна 13. издание на креативниот документарен филм „МакеДокс“ кој се одржува од 18 до 25 август, јавува Агенција Анадолија (АА).

Фестивалот е отворен со документарниот филм „Сѐ што дише“ (All That Breathes) на режисерот Шаунак Сен, филм кој е индиско-британска копродукција, а пред него е прикажан белгискиот краток документарен филм „Иднината е водена палата“ (Tomorrow Is A Water Palace) на режисерката Хуанита Онзага.

Фестивалот „МакеДокс“ ќе се одржи на четири локации во Скопје, и тоа во „Куршумли ан“, пред платото на Музејот на Македонија, Младинскиот културен центар и Јуроп хаус (Europe House).

Оваа година фестивалот го носи мотото „Лупење идеи“, а организаторите најавија дека во рамките на фестивалската програма пристигнале над 80 гости, креативци на документарни филмови од странство.

Сите филмови ќе бидат прикажани на филмско платно. Филмската програма на 13. „МакеДокс“ содржи 71 документарни остварувања во пет натпреварувачки категории – Главна програма, Нови автори, Кратки документарни филмови и Студентска програма, додека сите филмови се дел од компетицијата за наградата Етички идеи.

На фестивалот ќе се доделат пет награди, а во комисиите за награди членуваат 15 интернационални професионалци од документарниот свет.

Како што информираа организаторите, надвор од натпреварување, но значајни фестивалски програми се Земја во фокус – годинава тоа е Чешка и Програмата за деца и младинци.

Тринаесеттото издание на „МакеДокс“ е поддржано од Агенцијата за филм, Креативна Европа – МЕДИА, Националната фондација за демократија од Вашингтон, Институтот „Јунус Емре“ – Скопје, Амбасадата на Чешка во Скопје, Чешки центар – Софија, Сивус – Групација Арикома и Грчки филмски центар.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.